Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

0
19

„Изминатиов период, се почесто се поставува прашањето во регионот – зошто Србија забрзано се вооружува и дали можеме да зборуваме за нова милитаризација на најголемата пост-југословенска држава која беше иницијатор или беше вклучена во сите војни во 90-тите во оваа област.

Вучиќ го зголеми буџетот за одбрана од дури 44 проценти, односно српските даночни обврзници ќе жртвуваат нешто помалку од 1,3 милијарди евра за “воените планови” на Вучиќ (што е најголем воен буџет во регионот), и третина од тоа одат за модернизација на армијата и купување ново оружје, што би значело дека Србија, доколку сè се случи, би имала најсилна армија во регионот. Сите се прашуваат дали работи или шири паника, и за своја и за туѓа сметка (рускa!?) “, пишува Индекс.хр“

Порталот навел дека Србија добила „воени подароци“ од Русија и Белорусија.

Хрватскиот портал „Дневно.хр“ наведува дека ситуацијата во хрватската армија е загрижувачка и дека Александар Вучиќ знае што прави и добро знае зошто ја вооружува Србија.

Тие сметаат дека ова го доведува во прашање територијалниот интегритет на Хрватска.