ЕРИКСЕН Е ВО БОЛНИЦА И СТАБИЛИЗИРАН, НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА-ФИНСКА ПРОДОЛЖУВА ВЕЧЕРВА

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кому му се слоши за време на натпреварот Данска-Финска на Европското првенство во Копенхаген, е пренесен во болница и ситуацијата му е стабилизирана, соопшти УЕФА.

Натпреварот е во прекин, но УЕФА одлучи да продолжи вечерва во 20.30 часот, на барање на играчите од двата тима. Ќе се доиграат последните четири минути од првото полувреме, потоа ќе има пауза од пет минути, па ќе продолжи второто полувреме.

Откако 29-годишникот колабираше на теренот на крајот од првото полувреме, можеше да се види како лекарскиот тим се обидува да го реанимира Ериксен, а неговите соиграчи го обиколија за да му ја заштитат приватноста. Ериксен потоа беше изнесен на носилки од теренот во свесна состојба и со маска за кислород.

Извор С. Д. К