ВО УНГАРИЈА СЕ ЗАБРАНУВА ПРОМОВИРАЊЕ НА ХОМОСЕКСУАЛНОСТА

0
20

Унгарските пратеници усвоија предлог-закон со кој се забранува каква било содржина за малолетници, ако истата укажува или промовира хомосексуалност кај млади под 18 години.

Предлог законот беше усвоен со 157 гласа „за“ и еден „против“.

Владејачката партија Фидеш има парламентарно мнозинство, а пратениците од екстремно десничарската партија Јобик исто така ја поддржаа регулативата.

Сите други опозициски партии ја бојкотираа седницата во знак на протест против дискриминацијата на ЛГБТ популацијата.

Активистите на ЛГБТ движењето во Унгарија и меѓународните организации остро го критикуваа нацрт законот и го споредуваат со законот во Русија од 2013 година, со кој се забранува „геј пропаганда“.

Критичарите исто така истакнуваат дека серии како „Пријатели“ и филмови како „Бриџит Џонс“, „Хари Потер“ и „Били Елиот“, кои зборуваат за хомосексуалноста, може да бидат забранети за малолетни лица.

Илјадници луѓе организирани од невладините организации излегоа на улиците во Будимпешта во понеделникот вечерта во знак на протест против, како што посочија, континуираната пропаганда на владата против ЛГБТ заедницата.