ЗАЕВ: ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ СО 15 ВОЗИЛА И 20 ЛУЃЕ НЕ ГО РАЗБИРАМ!

0
21

Премиерот Зоран Заев денеска даде коментар за протестите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, но и низ останатите градови на Македонија.

„Мицкоски апсолутно знае дека предлогот е одличен и е појдовна основа за постигање на решението. И сега да продуцирате вака протести со 15 возила и 20 луѓе, 13 возила и 14 луѓе, не знам, 24 возила, ги следам извештаите кои излегуваат сега на медиумите, и 45 луѓе, е тоа се протестите само за да се блокира сообраќајот низ градовите и е порака која што никако не можам да ја разберам“, додаде премиерот.

Според него, ваквиот став на опозицијата веројатно е поради стравот дека постои можност земјава да направи исчекор кон ЕУ и кон евроинтеграциите и конечно да ја одржиме првата меѓувладина конференција.

– Навистина очекувам она што е најмалку, е да се помогне во ова, наместо да се блокира. Но, не е ништо ново. Во последните четири години од ВМРО-ДПМНЕ освен блокади, освен кочници, освен правење опструкции на важните процеси коишто ја гарантираат македонската иднина и во нашите интеграции и во делот на економскиот стандард и економските перспективи, немаме видено ништо друго. Секој со својата одговорност. Од овие четири сценарија или три сценарија или колку и да беа што ги кажа Мицкоски, јас верувам дека ниту едно не е прифатливо за граѓаните на нашата земја, потенцира Заев.

Извор Фокус