Мицкоски во Брисел: Не е европска вредност да начнеш по посебноста на еден народ

0
25

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски е во Брисел, каде учествуваат на парламентарното собрание на Европската Народна Партија.

Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека нема ниту една причина Заев да продолжи да биде премиер.

Тој истакна дека се бара компромис во штета на народот, историјата, традицијата и македонскиот јазик, нешто што според него не постоеше во 2020, кога блокираше Франција поради други причини.

„Сега Бугарија блокира бидејќи сака да начне во нашата посебност како народ, нешто што во 21 век не е европска вредност“, истакна Мицкоски