Наскоро нова македонска ТВ серија

0
192

Black Ops е нова ексклузивна серија во режија на Били Друмишовски која се појавува на макеоднската филмска сцена како репрезент што не наликува на ништо што претходно сме гледале.  Премиерата на трејлерот од првата сезона се одржа на петти јуни со затворен карактер во киното на Cineplex во Skopje City Mall, додека пред молот беше поставен црвен тепих на кој што поминуваа актерите.

 

Во серијата учевстуваат великани од уметничката сцена на Македонија во областа на актерството и музиката. Ана Стојановска и Игор Џамбазов како предводници и активни членови на актерската популација во земјава, додека познатите пеачи Тамара Тодевска, Христијан Тасковски-Таско, Тракер и водителот Стефан Лазаров се дел од музичките имиња што ќе ги претстават своите глумачки способности на филмското платно.

Станува збор за серија што им се потчинува на акцијата и драмата како главни жанровски носители. Имено, американскиот војник Конор (Давид Мука), што ја има главната улога се обидува да состави загатка што ќе му помогне да го спаси своето киднапирано семесјтво. Преку следење на неговата улога публиката ќе има можност да се соочи со предивзикувачки тешкотии проследени од збунувачки збир на околности што постојано го потхрануваат адреналинот.

Ѕвездите на македонската естрада ќе се најдат во нови и несекојдневни улоги претсавувајќи ни нешто неочекувано и возбудливо.

 

Серијата е во продукција на Artistic Film Production.

Линк до трејлерот: https://www.youtube.com/watch?v=YqYfJl1XRlI&t=184s

 

Ангела Бошкоска