Драмското студио Тетово со претставата ВАЈ ФАЈ пред гостиварската публика

0
132

На 12 април со почеток во 19.30 часот во големата сала во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар за гостиварчани премиерно ќе биде изведена хит претставата ВАЈ ФАЈ од писателот Мирољуб Недовиќ-Рики а во режија на Мирко Видоески.

Публиката во Гостивар ќе има можност да се насмее на згодите и незгодите на две семејства од Тетово кои се посватуваат ,а нивните деца се во странство.Текстот е многу актуелен и колку што има хумор во него сепак остава една доза ..горчлива насмевка,,затоа што никого не го остава рамнодушен сето ова што се случува со иселувањето на младите од Македонија.

Ова претстава исто така во мај месец ќе гостува во Белград на Манифестацијата ,,Деновите на македонската култура 2024,,во организација на Здружението на македонците во Белград ,,МАКЕДОНИУМ,, и Советот на македонците во Република Србија

На 17 април среда среќно Драмското студио Тетово ќе започне со подготовка на нова театарска претстава на текст на нашиот прославен драмски писател и текстописец Огнен Неделковски со наслов ,,ВИ-Спасувач на бракови,,Многу инспиративен текст се надевам дека екипата на Драмско Студио Тетово убаво ќе ја подготви ,а премиера е најавена за почетокот на јуни 2024 година.По подолго време за оваа претстава ќе се подготви и авторска музика за која ќе се погрижат исто така по подолговреме со нови песни групата ЛЕГЕНДА.