Објавена е снимка од моментот на уривањето на висококатницата во Мајами (ВИДЕО)

0
60

Репортерот на Фокс, Енди Слејтер објави на Твитер снимки од моментот кога се урна облакодерот во Сурфсајд, Флорида.

Судејќи според снимката, прво се срушил централниот дел на облакодерот, а девет секунди подоцна и задниот дел.

Облакодерот од 12 ката и 135 апартмани во градот Сурфсајд во близина на Мајами Бич се урна среде ноќ. Уништени се 65 станови. Досега е потврдена смртта на едно лице, а 35 се извлечени од урнатините.