Од Општина Тетово со уште едно ветување дека ќе одвојат средства за обнова на Скејт паркот

0
22

Од Општина Тетово со уште едно ветување дека ќе одвојат средства за обнова на Скејт паркот, наспроти автобуската станица во Тетово

Странците го донираа а општината која не го одржуваше, а во меѓувреме даде повеќе ветувања дека ќе го обнови, сега со уште едно ново, дека се обезбедени средства за повторно Скејт паркот да биде ставен во фунција на младите.

Веднаш до Скејт паркот се наоѓа Жена паркот и тој е во многу лоша состојба со искршени реквизити надзорни камери и барака, од каде требаше да се врши надзорот. И за оваа површина општината даде ветување дека ќе се одвојат средства.

Инаку жена паркот се обнови во 2017 година со пари од Бирото за регионален развој, а беше одобрена сума од 10 милиони денари.