Полошките општини не издвојуваат пари за отпадот, а Швајцарија донирала 1,5 милиони евра, блокирано ЈП РУСИНО ПОЛОГ

0
30

Над 1,5 милиони евра има дадено Швајцарија со цел во општините на Полог да се основа претпријатие за менаџирање на отпадот, но општините на овој регион не успеваат да издвојат од 2 до 5 илјади евра од својот буџет за да започне со работа претпријатието Полог Русино за собирање на отпадот. Фатмир Саити, директор на Центарот за развој на Полошкиот регион вели дека од 9 општини кои треба да плаќаат, до сега само 2, Гостивар и Теарце дале пари.

„На состанокот што го имав со градоначалниците беше одлучено до 15 јуни сите да ја реализираат исплатата, зависно од општините, од 2 до 5 илјади евра“, директор Фатмир Саити.

Причината за ова, според Саити, е тоа што општините немаат мотив да плаќаат бидејќи не можат да го фрлаат отпадот во Русино. Тој додава дека за еден месец ќе заврши реализацијата на барањата на демонстрантите на Стоп Русино, а потоа општините ќе можат да ја користат оваа зона за фрлање отпад.

„Имаме ситуација каде општините не можат да го испраќаат отпадот во “Русино“ а треба да плаќаат за ова претпријатие, значи нивниот мотив не е на потребното ниво заради ова, верувам дека за еден месец ќе завршат овие работи, значи ќе завршиме со вагата и опремата за контрола на тоа, заврши фазата на асфалтирање и патот е асфалтиран до горе, имаме и една куќарка за влез на патот кој води до Русино“, додаде тој.

Засега општините го фрлат отпадот во депонијата Дрисла, а според Саити по еден месец ќе имаат право и во депонијата Русино, а за тоа претпријатијата ќе плаќаат по килограм. Отпадот е проблем со кој полошкиот регион се соочува долго време. Нивното палање во депонијата Русино предизвика протести во Гостивар при што беа блокирани улици за да се спречи палењето на отпадот.

Општините и Министерството за животна средина се договорија по исполнување на неколку услови во ова депонија да се акумулира отпадот од следните 5 до 10 години. Претпријатието „Полог Русино„ е основано на 31 декември 2020 но поради негрижата на општините тоа не започна со работа.

Тв21