УЕФА врати на грчките поплаки: Кратенката МКД е во согласност со Преспанскиот договор

0
17

Европската куќа на фудбалот денеска ја одби жалбата на грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис, кој пред почетокот на Европското првенство, испрати протестно писмо до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, за логото на ФФМ кое се наоѓа на дресовите на македонските фудбалери и за кратенката МКД. Од УЕФА потенцираа едка акронимот МКД е дел од Преспанскиот договор.

УЕФА во писмото посочува дека го следи примерот на другите спортски институции и дека го користи кодот МКД од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и дека е во согласност со член 1, параграф 3 од Договорот од Преспа. УЕФА исто така потенцира дека во службената комуникација го користи терминот „Фудбалска федерација на Cеверна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветно адаптирана на ЕВРО 2020.

Европската куќа на фудбалот исто така додава дека нема да дозволи европскиот фудбал да стане платформа на која ќе се пренесуваат политички пораки и ќе продолжи да ја штити праксата на неутралност.