Путин: Замислете ние да испратиме војска до вашите граници

0
19

Тој во интервјуто оцени дека воените вежби на НАТО и САД се одржуваат во непосредна близина на руските граници, и го постави прашањето што би се случило ако Русија го направи истото.

„Замислете ние да ја испратиме нашата војска непосредно до вашите граници. Каков би бил вашиот одговор?“, праша Путин.

Американската телевизија потсети дека, кога Путин го прашале за неодамнешното префрлање на руската војска во близина на украинската граница, поради што се загрижија за можна инвазија, Путин кажа дека Русија воените вежби ги спроведува исклучиво на сопствена територија. Рускиот лидер истакна дека НАТО постојано спроведува вежби во близина на руската граница, како и фактот дека Америка спроведува маневри на Алјаска, исто така на руската граница.

Од друга страна, Путин констатираше дека Русија е загрижена поради сајбер активностите на НАТО.

„Тоа од што се плаши Америка може да претставува опасност и за нас. НАТО сајберпросторот го прогласи за воена зона. Тие нешто планираат, нешто подготвуваат, нормално дека тоа нè загрижува“, кажа Путин.

„Ајде да седнеме заедно, да разговараме, да најдеме компромисни решенија кои ќе бидат прифатливи за двете страни“, истакна Путин.