ФИЛИПЧЕ: СО ПРИМАЊЕТО НА ПРВАТА ДОЗА, СЕКОЈ ГРАЃАНИН ИМА РЕЗЕРВИРАНО И ДОЗА ЗА РЕВАКЦИНАЦИЈА

0
22

Министерот за здравство вели дека од секоја пратка половина се издвојува за ревакцина и на тој начин не може да се случи некој што примил прва доза да остане без ревакцина

Не постои граѓанин на кој не му е обезбедена втора доза вакцина, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали поради трошењето на резервите на вакцини можно е да нема за ревакцинација, Филипче вели дека втората доза е загарантирани.

„Од секоја пратка, како што пристигнува, половина се издвојува за втора доза. Тоа е добра стратегија имајќи ги предвид одложувањата“,

рече Филипче.

Во однос на вакцините, Филипче го повтори она што го кажа и изминатите денови – дека секој понеделник стигнуваат по околу 10 000 дози „Фајзер“, дел од билатералниот договор и дел преку системот за солидарност од ЕУ. Се очекуваат уште стотина илјади од истите вакцини преку Ковакс, но сѐ уште нема конкретен датум ниту динамика за испорака.

За руските вакцини сѐ уште немаме најава кога ќе дојдат, а во следните седум дена се очекуваат 500 000 дози „Синовак“.

Вчера на вакциналните пунктови во државата вчера вкупно се вакцинирале 6 521 граѓанин, од кои 2 249 со прва доза. Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 243 832 граѓани во земјава, од кои целосно 125 829 граѓани.

Извор 360°