ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ЛИЦЕТО КОЕ МУ УДРИ ШАМАР НА МАКРОН

0
23

Судот во Франција му одреди казна затвор од четири месеци на 28-годишниот Демијен Тарел кој во вторникот му удри шамар на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тарел признал дека го удрил Макрон, но пред истражните органи рече дека тоа не го направил со предумисла, пренесе Ројтерс.

Обвинителството барало да му се изрече 18-месечна казна затвор, но судиите одлучиле на четири месеци и 14 месеци условно.

Во текот на посетата на регионот Тан Лермитаж, во вторник, Макрон пријде на масата од гражани, по што Тарел го зграбил за рака и му удри шлаканица по лицето.