Вакцинацијата на децата нема да биде задолжителна

0
18

Вакцинацијата против Ковид-19 нема да биде задолжителна во Северна Македонија, но е неопходна за да се постигне колективен имунитет. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека тој ќе ги вакцинира своите деца. „Единствен начин да стигнеме до колективен имунитет е и децата да се вакцинираат“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, има земји каде вакцинацијата на децата е задолжителна и нема да ги приматдецата во училишта ако не се вакцинирани. „Кај нас нема да биде задолжителна вакцината. Но, јас да, ќе ги вакцинирам моите деца“, вели Филипче.

Од понеделник започнува теренската вакцинација со која ќе се дозволи вакцинирање и на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст.