Авионите за гасење пожари и годинава се вон употреба

0
17
Cl-425 Supercooper on a demonstration airdrop run. Media day for LA county's firefighting aircraft at Van Nuys Airport. 2 Cl-425 Supercoopers on lease from Quebec. 1 Sikorsky S-70 Firehawk, and 1 Erickson Air-Crane helitanker were on display. Fire season is expected to begin soon in LA with the arrival of the Santa Ana winds later this week.

Авионите за гасење пожар ќе останат приземјени и ова лето. Хеликоптерите се со ограничени можности, а пожарникарите кубурат со кадар и застарена опрема. Ваква е моменталаната ситуација во државата кога температурите речиси 40 степени и ризикот од пожари на отворено е огромен, објави ТВ Телма

„Ер тракторите“ веќе трета година се приземјени а причина е тендерот за нивно сервисирање. Капацитетите на овие авиони се лимитирани бидејќи не можат да се користат во ноќни часови, имаат помала носивост на вода можат да полнат само од големи водни површини односно природни езера.

Директорот на ДЗС, Беким Максути, не одговори на повиците и пораките за да објасни како ќе го реши проблемот со приземјените „Ер трактори“

Од воздух пожарите може да се гасат само со хеликоптерите на АРМ, кои се последно средство за одговор и може да се користат само со наредба од претседателот

Комадирот на скопската проптивпожарана бригада, Владимир Симоновски, вели дека бројот на интервенции е зголемен а како клучен проблем го нагласува недостигот на пожарникари поради што се прават интерни списоци со кадар кој е на приправност.

ЦУК и ДЗС, како и јавното претпријатие национални шуми мора да имаат свои тимови кои први треба да излезат на терен.

Во какви услови работата пожарникарите во Македонија покажа минатогодишното истражување на Центарот за граѓански комуникации според кое на 30-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат 536 пожарникари за да го достигнат законски пропишаниот минимум. Тие располагаат со 240 возила чија просечна старост е 28 години а повеќе од половина се од минатиот век.

Во моментов активен е еден пожар во Липковскиот крај  кој е под контрола а вчера низ државата се регистрирани шест поголеми пожари низ државата.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, апелираше до граѓаните да внимаваат и да ги почитуваат делумните забрани за движење во шуми а од градоначалниците побара да ги зајакнат со опрема и со бројност нивните противпожарни единици.

Телма телевизија