Каракачанов се плаши дека новата бугарска влада ќе попушти за Македонија

0
16

Ние ќе ја поддржиме Македонија за членство во Европската унија само кога таа ќе ја корегира својата непријателска политика кон Бугарија. Постојат сериозни грижи дека новата влада ќе ја смени својата политика кон Македонија, изјави лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов за „Радио Фокус“.

– И „Демократска Бугарија” и „Исправи се“ директно преку своите лидери најавуваат дека се за промена на бугарската позиција. Според нив, треба да дозволиме Македонија да започне преговори, бидејќи така било европски. Па, јас би ги прашал нив: За што ве избираат луѓето? За да бидете европски политичари или бугарски политичари? Кога се станува бугарски пратеник заклетвата се дава во Народното собрание да му служи на бугарскиот народ, а не на странските амбасади и странски држави. “Нели треба да се размислува за она што е поважно и во корист на бугарскиот национален интерес? Во полза на бугарскиот интерес е Македонија да ја промени својата политика кон нашата земја“, рече Красимир Каракачанов.