Пешак загинал на лице место: Тешка сообраќајка во Железара

0
21

Попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа во населбата Железара, во која загинал еден пешак.

Според информациите на очевидци, на местото на несреќата има зголемено присуство на полициски службеници.

Во моментот полициски службеници прават увид на местото на настанот, а од МВР најавија дека по завршувањето на увидот ќе соопштат повеќе информации за несреќата.