Тетовец ја нападнал мајка си, физички пресметки во Скопје, Струмица, штипско..

0
21

Синоќа во угостителски објект во с.Брвеница од полициски службеници од СВР Тетово се приведени А.С.(23) од с.Вруток, гостиварско, И.Ј.(46) од с.Брвеница, А.Ј.(39) од Тетово, А.Ѓ.(34) од с.Долно Седларце, М.С.(25) од Тетово и Б.В.(30) од с.Брвеница, поради нарушување на јавниот ред и мир.

Вчера попладне, пак, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Г.(19) од Тетово, бидејќи претходно физички ја нападнал неговата 43-годишна мајка, а при претрес кај него била пронајдена прашкаста материја.

Ноќеска после полноќ на подрачјето на Ѓорче Петров, Б.Т.(53) физички ги нападнал З.Т.(19) и 16-годишник, сите од Скопје.

Г.С.(22) од с.Петралица, Ранковце, во СВР Штип пријавил дека околу 17.00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.А., К.А., двајцата од Крива Паланка, Т.С., Т.С., И.С. и С.С., сите од с.Трипатанци, пробиштипско. 25-годишниот И.Б. од Струмица синоќа пријавил во полиција дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Струмица, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Т.(20) од Струмица.

Во Ѓорче Петров, пак, О.А.(38) од с.Сарамзалино пријавила ноќеска после нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници.

Синоќа во Гостивар од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода А.Л.(28) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од 26-годишна велешанка, која престојувала во Гостивар, дека околу 22.45 часот А.Л., со кого била во љубовна врска, физички ја нападнал.

Во угостителски објект во Кратово, по претходна расправија, ноќеска бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 16-годишник, од една страна, и Д.Н.(23), А.Т.(23) и Л.С.(22), од друга страна, сите од  Кратово.

Утрово околу 4 часот, пак, полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.К.(27) од с.Доброште, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир пред продажен објект во Тетово, при што тој се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.