Финалето на Георгиевски организирано ќе се гледа во Бутел!

0
159

Дејан Георгиевски за нешто повеќе од еден час ќе се бори за злато на Олимписките игри во Токио.

Борбата е од 14:45 часот, нема многу време, но кој е во близина на Бутел може организирано да го следи настанот кој секако е еден од најважните во македонската спортска историја.

Организираното гледање на последната борба на Георгиевски и неговата битка за златото е во холот на основното училиште Климент Охридски во Бутел.