Започнаа активности за пробивање на булеварот Благоја Тоска со пари од владата

0
42

Започнаа подготвителни работи за подземната инфраструктура, каде ќе се пробива делницата од делот кај мостот кај Клиничката болница, па се до средното текстилно училиште Ѓоце Стојчески Амбарче.

На почетокот на градежните работи присутни беа вицепримиерот Артан Груби, како и Министерот за економија Крешник Бектеши.

Груби рече дека ДУИ и ја дава целосно подршката на  Арифи за трет мандат, затоа што таа многу направила за Тетово, град кој го заслужува тоа, а и Тетово како што рече ја заслужува Арифи.

Арифи додаде дека се завршени сите формално- правни работи, околу имотите каде треба да се пробива булеварот.

Оваа делница чека две децении да се пробие, а е една од клучните за растеретување на сообраќајот. Но, сепак се работи за пробивање од само 450 метри. Останатиот дел од текстилното училиште па се до раскрсницата кај булеварот Илиндеска, најверојатно за пробивање ќе чека уште долго време