И натаму растe бројот на хоспитализирани пациенти со КОВИД 19 во тетовско, тешка клиничка слика добиваат за неколку дена

И натаму растe бројот на позитивни и хоспитализирани пациенти со КОВИД 19 во тетовско. Нагло се хоспитализираат пациентите, затоа што новиот Делта сој според здравствените работници дава тешка клиничка слика кај одредени пациенти за многу кратко време.

Моментално во одделенијата каде се лекуваат Ковид пациенти се хоспитализирани 36 лица. 31 лице е на кислородна подршка. Има од сите возрасти и речиси сите пациенти се со коморбидитети.

Болеста најчесто како и претходно оди со респираторни симптоми или пак може да биде пропратен и комбиниран со некој стомачен вирус.

На распологање за лекување на Ковид пациенти се две интерни одделенија, модуларната болница, како и инфективното одделение.

Болничкиот персонал од другите одделенија е на помош на лекување на Ковид пациенти, а голем дел од медицинскиот персонал по наредба на директорт на болницата е вратен од годишен одмор, поради напливот на хоспитализација на ковид пациенти.