Ангелов: Продолжува гаснењето над с.Ласкарце со хеликоптери, пожарот е активен но нема опасност за околните села

0
21

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, објави статус на „Фејсбук“ за пожарот над селото Ласкарце, и напомена дека во 16 часот е направен план и хеликоптерите ќе продолжат со гаснење на пожарот. Ангелов напомена дека пожарот е активен, но засега не преставува опасност за околните села.

„Денес околу 16.00 часот, по однапред направен план на приоритети од страна на Главниот Штаб, двата армиски хелихоптери проодлжуваат со гаснење на пожарот над с. Ласкарце.

Вчера и денес претпладне хелихоптерите и противпожарната бригада дејствуваа врз овој пожар кој се движи по исклучително стрмен терен и сеуште е активен но не претствува опасност за околните села.“, напиша Ангелов.