ВИДЕО Алжирците претепаа и запалија човек кој беше осомничен за подметнување пожари

0
64

Настрада човек од Алжир поради сомнение дека подметнал пожар.

Истрагата е започната врз основа на видео снимка која го прикажува убиството на 38-годишниот Џамел Бен Исмаил во Ларба Нат Иратен во провинцијата Тизи Узу.

Луѓето прво ја нападнаа полициската станица каде што беше приведен човекот, го извлекоа надвор, го претепаа и го запалија телото. И полицајците кои сакаа да го заштитат се повредени.

Обвинителството во Алжир почна истрага за смртта на маж кој е линчуван од топла луѓе откако е обвинет за подметнување шумски пожар. Во шумските пожари загинаа 69 луѓе.

Амнести Интернешнл ги повика алжирските власти веднаш да го истражат ова убиство и со тоа да испратат јасна порака дека ова насилство нема да остане неказнето.

Алжир се соочува со ектремно високи температури.