Двајца македонски туристи се удавиле на плажа кај Драч

0
22
Двајца македонски туристи денеска околу пладне се удавиле кај албанскиот пристанишен град Драч. Во соопштението на албанската полиција стои дека според првичните сознанија, македонските државјани се удавиле поради големи бранови и срцев удар и дека станува збор за луѓе на возаст од 79 и 78 години.

Како што пренесува МИА, двајцата македоснки туристи 79-годишниот М.М. и 78-годишниот М.Ц. се капеле на јавната плажа во Спиле и бле дел од туристичка група од Северна Македонија, според генералниот секретар на албанската федерација за спасувачи на вода Гент Ласаку.

Тој вели дека на двајцата туристи им била направена срцева масажа, но дека не било можно да се вратат во живот.

„Набљудувачот интервенирал кога најпрво видел едно од телата. Но, кога влегол понатаму во морето, ги видел двете тела. Причината за давењето е срцев застој. И двајцата се мажи. Изразувам сочувство до нивните семејства“, рече Ласаку.

Тој додава дека плажата каде што биле двајцата туристи немала набљудувачи, а интервенирал набљудувач од соседната плажа.

Според информациите, речиси во исто време на плажата Велипоја се удавил косовски турист на 59-годишна возраст.