Дополување на рестриктивните мерките: Од понеделник во кафуле ќе може и со прележан ковид

0
18

Од понеделник на кафе покрај вакцинираните во кафулињата ќе можат и оние кои прележале ковид-19 во последните 45 дена.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека рестриктивните мерки се дополнуваат со оваа новина. Според здравствените власти овие дополнителна мерка е скроена согласно оптимален период за примање вакцина по заздравувањето од еден месец, а 15те дена се простор за закажување и имунизирање.

-Освен со најавениот сертификат за најмалку примена една доза за влез на сите настани кои што се организираат на затворено или отворено ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во рок од 45 дена, со оние неопходни 30 дена да помине времето за вакцинација и 15 дена да се организира вакцинацијата

Филипче посочи дека бројот на новодијагностицирани пациенти нагло расте, па според динамиката на движењето на кривата тој вели дека можноста е голема ситуацијата да биде навистина критична. Брзиот раст на новозаразени и хоспитализации се истакнува во Тетово, Гостивар, Кичево и Куманово.

Тука се исполнуваат инфективните одделенија, дел од пациентите се префрлаат во Скопје. Инфективната клиника е пополнета со овие пациенти, секако и со дел од пациенти кои се дијагностицирани во градот Скопје. Сега се активираат останатите ковид центри. Системот е спремен, лекарите во тимовите за ротација. Спремни сме да го дочекаме притисокот од овој бран,

Во последниве неколку дена драстично е зголемен и интересот за вакцинација, а министерот ги охрабрува и оние кои што имаат дилема да одат да се имунизираат бидејќи на тој начин ќе се застане на патот на вирусот. Филипче на социјалните мрежи објави дека 87 проценти од новозаразените во последната недела се лица кои што не се вакцинирани, а според нивните анализи од починатите поради компликации се 100% граѓани кои што не биле имунизирани.