Ердоган до Путин: Разговорите меѓу талибанците и поранешните авганистански лидери се ветувачки

0
20

Актуелните разговори меѓу талибанците и поранешните авганистански лидери за изгледот на идната влада се „ветувачки”, му соопшти во телфонски разговор турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на својот руски колега Владимир Путин, пренесе ДПА.

Двајцата лидери се согласија, додава ДПА, да ги координираат следните чекори во односите со идната влада во Авганистан, соопшти кабинетот на Ердоган.

Ердоган истакна дека новата влада треба да биде инклузивна, за да ги претставува сите етнички групи во земјата. Турскиот претседател одделно кажа дека Анкара е заинтересирана да продолжи да оперира на аеродромот во Кабул „под поволни услови”