Притвор за жител на Брвеница кој физички ги нападна неговата сопруга, малолетна ќерка и неговиот татко

0
23

На 02.08.2021 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода  Т.М.(38) од с.Брвеница, тетовско, затоа што физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга, неговиот 58-годишен татко и неговата малолетна ќерка и им се заканувал со остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица и во претходна постапка во Основен суд Тетово, бил изведен пред идтражен судија, кој му одредил мерка притвор од 30 дена, при што е спроведен во Скопскиот затвор.