Јавното претпријатие Градски паркинзи се уште работи со загуби

0
18

Јавното претпријатие Градски паркинзи се уште работи со загуби. На денешната седница на Советот на Општина Тетово надлежните истакнаа дека причините за загубите, како и досега се поради состојбите со пандемијата

Претседавачот на советот на Општина Тетово Беким Мемети, истакна дека има загуби претпријатието, но најважно е што вработените земаат плата и етапно состојбата се стабилизира.

Од Општина Тетово на денешната седница најавија и нови вработувања во училиштата.

Поради растот на бројот на инфицирани од КОВИД 19 во тетовско, Советот на Општина Тетово одржа онлајн седница.