Арифи – Подготвена сум да ја преземам одговорноста да го водам градот во наредните четири години

0
38

Искусно и посветено лидерство како и јасен план за управување со кризи, закрепнување на економијата за да го направиме Тетово подобро место за живеење, најави кандидатот за градоначалник на Тетово Теута Арифи на промоцијата на изборната програма

-Подготвена сум да ја преземам одговорноста да го водам градот во наредните четири години.Како градоначалник морав да управувам со неколку кризни ситуации во последните осум години – од поплавите во 2015 година, кризата СОВИД -19 и неодамнешната трагедија.И покрај тоа што можеби не постигнав 100 проценти од она што го сакав и од она што вие со право го очекувавте за нашиот град, со сигурност велам дека веќе постигнавме многу, рече Арифи.

-Ги завршивме булеварот „В.С. Бато“, новото основно училиште „Наим Фрашери“, реконструкции на сите наши училишта, патот до месноста Бањиче и рекреативниот простор, водоводи во руралните средини, реконструкција на патишта и канализациони системи во различни населби, ја завршивме и реконструкцијата на новиот младински центар.Ги ставивме во функција автобусите и за прв пат Тетово има јавен превоз, рече Арифи

Има уште многу работа за да го направиме наше Тетово чист град достоен за живот на сите граѓани, додаде таа.

-Оваа програма вклучува решенија за управување со отпад, модерна патна инфраструктура, вклучувајќи ја и новата обиколница за олеснување на сообраќајот, паркирање возила во центарот на градот и продолжување на јавниот превоз низ селата, рече Арифи.

Таа најави и изградба на обиколницата, со што ќе се избегнеме хаосот во сообраќајот во градот, а со организиран паркинг како што истакна ќе се создаде повеќе простор за подобро движење и живеење.