ПОЧИНА 20-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД МОЗОЧЕН УДАР: Пред две недели се вакцинирала со Џонсон и Џонсон

0
35

Словенечката влада ќе набавува голема количина од вакцината Џонсон и Џонсон од Унгарија, иако некои сметаат дека употребата на оваа вакцина треба да се прекине додека не се расчисти случајот со 20-годишната девојка, која почина две недели по вакцинацијата.

Како што објави вчераТВ Словенија, повикувајќи се на неофицијални извори од Универзитетскиот клинички центар Љубљана, младата девојка починалаод последиците од мозочен удар. Иако УКЦ-Љубљана првично ја демантираше веста, нагласувајќи дека девојката е во критична состојба, утринава сепак потврди дека таа починала.

„За жал, можам да потврдам дека борбата за нејзиниот живот заврши неуспешно“, им рече на новинарите Игор Риглер, раководител на одделот за итна неврологија во Универзитетскиот клинички центар-Љубљана, додавајќи дека сеуште овој случај не може да се поврзе со вакцинирањето

По испитувањето на случајот, ќе следи стручно мислење од специјална комисија на Министерството за здравство. Комисијата пред неколку месеци потврди дека смртта на една млада жена, сопруга на словенечки дипломат, која беше вакцинирана со вакцината „Џонсон и Џонсон“ во мај, е поврзана со вакцинација, по што добила тромбоза, а потоа и мозочен удар.

Според истражувањата, тешките последици по вакцинацијата со векторски вакцини се ретки, можеби еден случај на 100.000 вакцини, пренесуваат словенечките медиуми.

Во Словенија се вакцинирани 120.000 луѓе со Џонсон и Џонсон.

Вакцината Џонсон и Џонсон, која се аплицира во една доза, досега заштити околу 120.000 луѓе во Словенија, главно по Фајзер /БиоНТех и АстраЗенека. Во последниве недели, таа беше особено баран од оние што одат на туристички патувања затоа што не треба да чекаат за втората доза и од оние на кои им е потребна задолжителна вакцинација за работа.