Дер Лајен: Со цело срце го поддржувам отворањето на преговорите за Северна Македонија

0
19
epa09469120 European Commission President Ursula von der Leyen delivers a speech during a debate on 'The State of the European Union' at the European Parliament in Strasbourg, France, 15 September 2021. EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Целосно, со цело срце. го поддржувам формалното отворање на пристапните преговори и тоа што е можбно побрзо. Ве повикувам да не губите верба, зашто добро ги изодевте патот до тука, остваривте голем напредо0к, ајде да направиме уште еден чекор, да работиме вредно до одржувањето на таа прва меѓувладина конференција, тоа ќе биде нов успоех, изјави денеска во Скопје претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на зедничка прес-конференција со Зоран Заев во Младинскиот кулутрен центар каде таа предаде грант од ЕУ за поддршка за младите.

Постигнавте голем напредок и сега на ред е ЕУ да возврати. Гледаме добри резултати на планот на борбата со криминалот и корупцијата, сигурна сум дека на крајот тоа ќе биде наградено. Во овој период ЕУ беше обременета со проблемот на пандемијата, економијата претрпе голем штети. Испорачавме 325 илјади дози на вакцини за земјите од Западен Балкан. Важно е населението да се вакцинира и да се тргне во нова етапа, етапа на развој и обнова“, рече дер Лајен.

Таа рече дека ѝ честита на земјава зашто беше првата земја од регионот која се приклиучи на ЕУ – платформата за ковид сертификат.

Видов во текот на моето патување колку за вас е важен туризмот. ЕУ мобилизираше многу средства, околу 3,2 милијарди евра за поддршка на региониот, а Северна Македонија доби 226 милиони евра во грантови што беше многу ваажно за здравствениот систем, нагласи дер Лајен.

На новинарското прашање како гледа на можноста евентуално, поради актуелното вето од страна на Бугарија, Брисел да ги одвои Македонија и Албанија од пакетот за отворање на преговорите, Урсула фон дер Лајен не одговори директно, но рече дека фокусот е сега преговорите да се отворат што е можно побрзо, или до крајот на годината.

Во контекстот на кризата созадена со пандемијата таа рече дека е многу важно закрепнувањето.

„Треба нанапред да гледаме и да обезбедиме закрепнување на Северна Македонија. Младите заслужуваат позелена и подигитална иднина. Ја поздравувам вашата кампања за зелен договор, тоа обезбедува и подобра иднина и повеќе работа за младите. На масата ставивме над 9 милијарди евра, од ваша страна се потребни зрели проекти, преку кои би можело да се достигне и и до 20 милијарди инвестиции во такви области“, рече претседателката на ЕК и додаде дека како што напредуваат работите дека би можело да се предложат и уште 600 милиони евра за други проекти.

„Работиме на најдобрите проекти заедно – интерконекцијата со гас со Косово и Србија и инвестиција во соларни централи. Тоа обезбедува раст во регионот и овозможува интеграцоија внатре во регионот, а шесте партнери би можеле така заедно да го забрзаат своето пристапување во ЕУ“, нагласи дер Лајен.

Шефицата на ЕК изрази надеж дека идната недела таа ќе има нова средба во рамки на Самитот на ЕУ во Словенија, на која, како што рече, сака Северна Македонија да учествува.

„Северна Македонија може многу да даде и да придонесе, да го слушнеме таму гласот на младите, тие се иднината и тие се нашата заедничка иднина. Во оваа прилика ќе предадам грант во износ од 2,6 милиони евра буџетска поддршка за младите, тоа е за перспектива на младите, нема подобра инвестиција за младите. Драго ми е да ви го поредадам грантот“, рече дер Лајен и нагласи дека тоа ќе го стори откако ќе ја стави заштитната маска. Веднаш потоа грантот му беше предаден во рацете на премиерот Заев.

Премиерот Заев рече дека не случајно прес-конференцијата се одржува во МКЦ, кое е реновирано со средства од ЕУ и во тој поглед е единствена земја кандидатка што имаше таков проект.

Заев изразил надеж дека лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе ја реафирмираат декларацијата од Брдо, за цврстата заложба за присоединување на регионот кон Унијата.

Заев подвлече дека блокадата на овој процес не е во духот на оваа определба и оти секое продолжување на блокадата ги храби ретроградните сили кои се против присоединувањето кон ЕУ.

„Европските вредности на ЕУ се и вредности и на земјите кандидати од Западен Балкан, и директно доведени во прашање заради оваа блокада. Ние ги направивме сите неопходни чекори и очекуваме Бугарија да го откочи процесот и да ја одобри преговарачката рамка“, рече Заев.

Премиерот нагласи дека земјава и досега покажа подготвеност и конструктивен придонес, но посочи дека идентитеските прашања не можат да бидат предмет на преговори, затоа што тоа се и европски вредности.

Нема алтернатива членството во ЕУ, низ целосна имплементација на европските стандарди и вредности, нагласи Заев