Заев: Никој не е венчан за функцијата

0
17

Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите да ги прифаќаме со објективни согледувања, претпоставки и одговорности. Никој не е венчан, ниту врзан за функцијата. Секој е заменлив, но не смееме ни да се поставуваме несоодветно заради скриени политички побуди или други намери, рече денеска премиерот Зоран Заев во врска со неговата одлука да не ги прифати оставките од министерот за здравство Венко Филипче, од неговиот заменик  Илир Хасани и од директорите на болницата, по пожарот во кој загинаа 15 лица.

– Чувството за морална одговорност е разбудено, но не може да се распушти државата кога се случуваат несреќи – рече премиерот.

Премиерот Заев повтори дека ќе ги чека наодите од вештачењето и форензичките извештаи што наскоро треба да бидат комплетирани, а потоа ќе ја донесе одлуката. Тој истакна дека е важно да се увиди дали системот е добро поставен за да не се случуваат други вакви трагедии и дека модуларните болници ќе останат додека трае пандемијата.