Израелците ги фатија и последните двајца палестински затвореници, кои избегаа како на филм

0
18

Израелците ги фатија и последните двајца палестински затвореници, кои избегаа како на филм

Последните двајца бегалци биле уапсени од специјалните сили при претрес во Џенин, северниот дел на Западниот брег.

“Заедно со двајцата терористи, уапсени се и двајца помошници. Четворицата беа проследени на понатамошно испрашување”, соопштила војската.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги пофали сите што учествувале во акцијата.

„Би сакал да им се заблагодарам на специјалните сили што работеа деноноќно, и за време на празниците и на Шабат, за да го донесат овој случај до крај“, рече премиерот.

Шест затвореници избегаа од затворот со максимална безбедност на Гилбо на 6 септември преку тунел ископан низ подот од бањата, за што им требало една година.

Минатата недела израелската армија пронајде четворица бегалци.

Тоа се претежно затвореници осудени на доживотен затвор за терористички напади врз Израел.

Петмината се членови на исламистичкиот џихад, а шестиот бегалец, Закарија Зубеиди, е висок лидер на бригадата на мачениците Ал Акса, коалиција на палестинските вооружени групи на Западниот брег