Име Вести Македонија Мицкоски во тетовско Нераште во посета на семејство чиј член настрада во...

Мицкоски во тетовско Нераште во посета на семејство чиј член настрада во пожарот

0
23

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара одговорност за опожарената тетовска модуларна болница.

Повика на независна и темелна истрага за случајот бидејќи според него истрагата која во моментов се води нема да даде објективни одговори се додека на функција се министерот и заменик министерот за здравство, Филипче и Хасани.

Мицкоски денеска посети семејство од тетовско Нераште, кои загубиле свој член во пожарот во болницата.

Во меѓувреме обвинителството ја продолжува истрагата за случајот. Дел од документацијата за изградбата на болницата веќе е обезбедена, а дел се очекува. Се очекуваат и вештачењата на трагите, анализите од снимките од видеонадзорот од околните објекти како и плановите за електрична инсталација и доводите за кислород. На македонскиот тим истражители од утринава им се приклучија и германските експерти.

Во пожарот кој избувна во модуларната ковид болница во Тетово на 8ми септември загинаа 14 лица а 12 беа повредени. Од тамошната болница каде повредените беа префрлени, информираа дека уште 4 лица се на лекување а останатите се пуштени дома.