Ново училиште во Мала Речица каде засега ќе учат само првачиња

0
23

Преставниците на општинска и централна власт на почетокот на учебната година го промовираа новоизграденото основно училиште во Мала Речица кое го носи името Наим Фрашери. Но во него, засега ќе учат само првооделенци.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, истакна дека располагаат со кадар само за одвивање на настава за првачињата, а имаат поднесено барање и за вработување и за распоредување на останати просветни работници потребни за ова училиште, со што се очекува и тука да започне наставата и за другите одделенија.

Се работи за модерен објект за кој градските власти ветуваа изградба речиси една деценија.

Новото основно училиште се наоаѓа во непосредна близина на еден од објектите на Универзитетот во Тетово во Мала Речица.