Попис: Мал дел од попишувачите се невакцинирани против ковид 19

0
28

Првиот човек на статистика Симовски за Канал 5 вчера изјави дека најголемиот дел од попишувачите се вакцинирани, а пописот ќе се спроведува според строги здравствени протоколи кои ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните.

Теренското попишување почнува в недела а од владата и од заводот за статистика тврдат дека се е подготвено за неговото спроведување и во услови на ковид пандемија.И премиерот Заев е убеден дека проблеми со пописот нема да има, вклучувајќи го и прашањето со невакцинираните попишувачи, за кои како што изјави ќе се прават рокади доколку некои од граѓаните одбијат да ги примат.

Првиот човек на статистика Симовски за Канал 5 вчера изјави дека најголемиот дел од попишувачите се вакцинирани, а пописот ќе се спроведува според строги здравствени протоколи кои ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните.

Токму заради четвртиот ковид бран вмро-дпмне побараа пописот да се спроведе електронски, што беше одбиено од власта.Сепак, и покрај тоа што опозициската партија во мегувреме изрази сомнежи околу спремноста на државата успешно да ја спроведе оваа статистика операција, партијата остана на ставот дека сите граѓани треба да се попишат.Претседателот на партијата Мицкоски во ТВ интервју истакна дека пописот не треба да се опструира

Пописот ќе трае до крајот на септември.Последениот попис се одржа во 2002-та, а пописот во 2011-та беше неуспешен.