Суд му наложил на претседател на држава да го подобри квалитетот на воздухот

0
25

Судот во Индонезија денеска пресуди дека претседателот на државата Џоко Видодо и уште шест високи службеници не обезбедувале право на граѓаните на чист воздух и им наложил да го подобрат квалитетот на воздухот во главниот град Џакарта.

Тричлената комисијата на Судот, едногласно одлучила во корист на 32 жители на главниот град, кои во јули 2019 година го тужеле Видодо, министерството за внатрешни работи, министерството за здравје и животна средина како и гувернерите на три области, за да обезбедат поздрави услови за живот.

Судот заклучил дека седум официјални лица мора да превземат сериозна акција поради гарантираните права на луѓето на здрав живот.

Грашаните кои поднеле тужба не барале финансиска надомест, но наместо тоа побарале строг надзор и казни за загадувачите.

Џакарта има 10 милиони жители, а вкупно 30 милиони живеат во нејзината поширока облааст.