Јунајтед Ерлајнс: Откази за невакцинираните

0
18

Американската авиокомпанија Јунајтед Ерлајнс има намера да им даде откази на речиси 600 вработени кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирус, а притоа немаат здравствени или верски причини за тоа.

Раководството на Јунајтед Ерлајнс соопшти дека одлуката е неверојатно тешка. Безбедноста на тимот, меѓутоа, има највисок приоритет, соопшти шефот на компанијата Скот Кирби и претседателот Брет Харт. Погодените работници сѐ уште имаат можност да си го спасат работното место, доколку се вакцинираат против Ковид-19 пред официјалниот разговор за отказ.

Јунајтед Ерлајнс на почетокот на август соопшти дека вработените во САД во иднина мора да поднесат доказ дека се вакцинирани или потврда со која се докажува дека се изземени од обврската за вакцинирање.

Авиокомпанијата наведува дека речиси од вработените се држеле до тоа. Но, од вкупно околу 67.000 вработени, 593-ца се изјасниле дека во основа с епротив вакцина. Околу 2000 вработени поднесле медицинска или релгииозна потврда дека за нив ваќи правилото за исклучок од вакцинирање. Сега за речиси 600 вработени кои не се вакцинирани, „за жал“ почнува процесот на давање откази, соопшти авиокомапнијата.

Притоа, компанијата се ориентира на договорот што е постигнат со синдикатите. Јунајтед Ерлајнс сака да се држи до својата политика на вакцинација и соопшти дека и натаму е „вистина“ оти преку вакцинација на сите има и поодбра заштита за сите. Во САД на претпријатијата им се препушта дали вакцинацијата на вработените ќе ја земат како услов за работа.