ОК ВМРО НП Тетово – Со нашата програма граѓаните се чекор поблиску до град без диви депонии, град со чиста вода за пиење, до средување на сообраќајниот хаос.

0
46

Советничката листа на ОК ВМРО НП Тетово пред утрешниот изборен молк уште еднаш ги повикаа тетовци да го дадат гласот за нив, оти како што рекоа нивната енергија ќе биде насочена кон остварување на проектите, кои ги ветиле во досегашната изборна кампања.

Подолу е целата пресс конференција на советничката листа за Општина Тетово од редовите на ВМРО НП

-Почитувани граѓани, на претстојните избори Ве повикувам да и дадете поддршка на онаа програма за која сметате дека најдобро може да ги реши Вашите проблеми. Ние од ВМРО Народна партија, покрај политичките барања кои ги претставивме пред тетовчани и кои гледам дека полека ги прифаќаат и нашите противкандидати, високо на својата агенда го имаме и подигањето на еколошката свест кај граѓаните, зошто ние заслужуваме да живееме во чиста и зелена животна околина. Со ВМРО Народна партија граѓаните се чекор поблиску до град без диви депонии, град со чиста вода за пиење, до средување на сообраќајниот хаос.

Од Вас само бараме да почнете да барате одговорност од оние кои сте ги избрале за решавање на Вашите проблеми и кои потфрлиле во својата работа. Ние тргнуваме со мотото дека политичарите се слуги на граѓаните, а не обратно.

Ќе бидете сведоци дека сета наша енергија ќе биде насочена кон остварување на проектите кои ги ветивме во досегашната изборна кампања.

Кога сме кај изборната кампања, ова е мое последно јавно обраќање до граѓаните пред изборниот молк. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на нашите противкандидати и на сите учесници на овие избори што водеа демократска кампања, без ниски удари, иако сметам дека истите ја промашија целта. Ова од причина што наместо на локалните проблеми, фокусот им беше насочен како да станува збор за парламентарни избори: владеачката СДСМ нудеше проекти со пари од централната власт, додека, пак, на опозициската ВМРО ДПМНЕ фокусот им беше рушење на Владата на Заев.

Во секој случај, им посакувам успех и на едните, и на другите, а воедно сакам да ги повикам тетовчани да излезат масовно на овие Локални избори и со заокружување на бројот 14 да дадат поддршка на советничката листа на ВМРО Народна партија.

 

Со почит, Стевица Саркоски носител на советничка листа за Општина Тетово од ВМРО НП