„Ако помислите да го критикувате Роналдо, само погледнете го мечот со Аталанта“

0
57

Кристијано Роналдо, Маркус Рашфорд и Хари Мегвајер буквално му го спасија тренерското столче на Оле Гунар Солскјер, откако со пресврт донесоа победа над Аталанта (3-2). Норвежанецот е на „тенок лед“, па пораз од италијанскиот ривал во Лигата на шампионите речиси сигурно ќе значеше отказ.

По дуелот, Солскјер реши да ги пофали играчите, објасни што зборувал на полувремето, а даде интересен коментар и за Роналдо.

„Ако некогаш помислите да го критикувате Роналдо, само нека го погледне натпреварот против Аталанта. Ќе видите колку се трудеше во текот на целиот дуел, го имаше на сите страни. Важни се и головите на Хари и Маркус, особено на Мегвајер кој реагираше инстинктивно, затоа што од него не се очекуваат вакви погодоци.

На полувремето им реков на играчите да го постигнат следниот гол. Ако тоа го направат, со сигурност ќе победиме. Најважно беше да не примиме уште еден гол“, изјави Солскјер.

Оваа победа може да биде вистинското нешто кое му беше потребно на Манчестер Јунајтед. Пред „ѓаволите“ овој викенд е големото дерби против лутиот ривал Ливерпул во Премер лигата.