Фантастичен ден за Линa, ќе игра полуфинале и финале во Севилја

0
27

Лина Ѓорческа имаше уште еден фантастичен натпреврувачки ден на турнирот во Севилја, пред се благодарение на храброто и истрајно издание во мечот во сингл конкуренција.

Македонската тенисерка играше против четвртата носителка Изабела Шиникова, а иако го загуби првиот сет, во продолжение направи пресврт против противничката од Бугарија и се пласираше во полуфиналето во сингл конкуренција.

Откако го загуби воведниот сет со 6:4, најдобрата македонска тенисерка го диктираше темпото и следните два сета ги доби со идентични 6:3, остварувајќи триумф против благата фаворитка.

Интересно, Ѓорческа заедно со својата партнерка Тена Лукас требаше да игра во полуфиналето токму против Шиникова, но по поразот во мечот кој траеше повеќе од два часа, Изабела и нејзината партнерка Хобгарски не излегоа на теренот и Лина и Тена се пласираа во финалето без борба.

По овие случувања, Ѓорческа слободно може да се подготвува за новите предизвици, а во полуфиналето во сингл конкуренција за противничкат може да ја добие својата партнерка во дубл конкуренција, бидејќи Лукас игра против Елина Авесјенан.