Арифи – во првите сто дена од мандатот пробивање на булевар,нови детски игралишта и нова градинка

0
17

Во првите 100 дена раководење со општина Тетово, ќе започнеме со реализација на инфраструктурни проекти, проекти поврзани со заштита на животната средина, образование, млади, спорт и култура, зголемување на ефикасноста на општинските услуги и социјалната заштита, истакна актуелниот и кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од ДУИ Теута Арифи.

-Да бидеме попрецизни, ветуваме дека во првите 100 дена со раководење со општина Тетово, ќе постигнеме: Игралишта за деца на неколку локации низ градот.Отворање на првиот дел од булеварот Б.Тоска кон текстилното училиште.Регулирање на шеталиштето на река Пена.Реконструкција на улиците Никола Тесла и Мирче Ацев во Тетово.Ќе подготвиме предлог до општинскиот совет за намалување на даноците за градба за сите оние што ќе поднесат барање за зелени покриви.Реконструкција и осветлување на патот во село Сараќино, рече Арифи.

Меѓу другото вети:

-Поставување полу-подземни контејнери на 31 локација низ градот.Снабдување на училишта со инвертори Кирил и Методиј, Истигбал, Гимназија Кирил Пејчиновиќ. Поделба на ЈКП на две дирекции, што ќе овозможи поефикасно управување и подобри услуги за граѓаните.Изградба на градинка во близина на основното училиште Кирил и Методиј.Зајакнување на локалниот младински совет преку организација на активности за млади (младински активности)Дигитализација на општинските услуги – проект поддржан од Канцеларијата на Европската унија во земјава, што ќе овозможи поефикасна администрација и подобри услуги за граѓанитеОтворена врата – средби со градоначалникот на секои две недели, практика која ќе ја продолжиме и понатаму.Поддршка за ученици со пречки во развојот – преку ангажман на лични асистенти, проект што планираме да го спроведеме во рок од 100 дена во текстилното училиште, рече Арифи