Арифи – Од декември целосна дигитализација на општината

0
24

Кандидатот за градоначалник за Општина Тетово Теута Арифи во рамки на кампањата во пресрет на локалните избори оствари средба со преставници од ИТ заедницата.

-Состанокот со ИТ заедницата ни е многу важен, дека процесот на дигитализација е многу важен, во половина од мандатот успеавме да имаме совет каде поголемиот дел од работите се одвиваат дигитално, а голем дел од услугите на плаќање ги ставаме во дигитална форма, рече Арифи

Таа во рамки на кампањата во пресрет на локалните избори, оствари средба со Здружението на слепи лица, од каде посочија дека и понатаму како општина ќе помагаат на оваа категорија на граѓани како и досега.