Арифи – Сега е време да ги подготвиме тетовските села за иднината, да изградиме зелена инфраструктура за подобар живот и за одржлив туризам.

0
20

Наше Тетово е повеќе од само град. Наше Тетово е градот, а со него тоа се и селата, тоа се планините. Започнавме и завршивме со изградба и реконструкција на патишта, канализациони системи и заштита од поплави и свлечишта. Ги реновиравме училиштата во селата и инвестиравме во водоснабдувањето, посочи кандидатот за градоначалник на Тетово Теута Арифи на седмиот ден од предизборната програма.

Таа од месноста Бањиче посочи дека е време да ги подготвиме тетовските села за иднината, да изградиме зелена инфраструктура за подобар живот и за одржлив туризам.

-Со националниот парк Шар Планина го остваривме деценискиот сонот – создадовме подлога да ја заштитиме и нашата традиција и традицијата на нашето село во иднина. Одржливиот туризам ќе создаде нови работни места, подобри приходи и нови можности не само во градот, туку и во селата. Додека ги модернизираме селата без да го оштетиме нивниот уникатен каракте, ќе инвестираме во модерна инфраструктура, туристички капацитети и реновирање. Со субвенциите за туристичко сместување ќе им помогнеме на селаните да ги основаат своите туристички бизниси преку создавање на зашитени производи од органските плодови на Шар Планина, а преку специјална програма за земјоделците ќе го промовираме земјоделството. Со стручни курсеви организирани во селата ќе обезбедиме формално образование во селата со цел да ги обучиме менаџери за туризам, да создадеме туристички водичи и да создадеме други нови работни места,рече Арифи

Со руралниот развој според неа ќе имаме подобри можности, подобар приход и подобар живот во селата во Тетово

– Ова значи и подобрување на јавните услуги во областите надвор од градот. Ќе го поврземе градот со селата преку модерни јавни автобуски линии. Ќе изградиме пунктови за јавни услуги и туристички канцеларии во селата, така што граѓаните ќе ги добиваат сите јавни услуги блиски до местото каде што живеат. Преку неделни часови на презентација на градоначалникот во секое село, ќе воспоставиме директен контакт меѓу граѓаните, лично со градоначалникот, дополни Арифи