Ахмети – Верувајте во нас, ние не сме го излажале електоратот цели 18 години

0
20

Изнаоѓање на алтернативен пат за поврзување на Тетово со Општина Теарце. Здраствен дом и Ургентен центар.  Наплата на комуналните услуги во дигитална форма. Ова е само дел од програмата која пред теарчани ја предочи кандидатот за градоначалник за Општина Теарце од ДУИ Нухи Незири. Претседателот на партијата Али Ахмети вети голема подршка за Незири.

Нула толеранција за злоупотребата на функциите и корупција, најави кандидатот за градоначалник за Општина Теарце од ДУИ Нухи Незири. Соработка со граѓаните и невладините, ќе му бидат на врвот на приоритетите, а за поважните прашања ќе се свикува и референдум, важен ни е гласот на народот. Вети чиста вода за пиење во сите села, како и канализациони мрежи.

-Изнаоѓање на алтернативен пат за поврзување на Тетово со Општина Теарце. Ќе поднесеме барање за функцонирање на здраствен дом и ургентен центар.Решавање на проблемот со ѓубрето.  Дивите депонии ќе бидат претворени во паркови. Покрај овие конкретни проекти, ние ќе работиме напорно, за да ја подобриме патната инфраструктура, гасификација, деполитизација на образованието, здравството, земјоделието, агрокултурата, културата и спортот и екологија. Барање за отворање на едно средно училиште во нашата општина, изјави  Нухи Незири кандидат за градоначалник за Теарце од ДУИ

 Претседателот на ДУИ Али Ахмети вети голема подршка од партијата, за како што рече идниот градоначалик на Теарце Нухи Незири. Имаме филозофско мото, гласај зелено, за живот, за воздух, за вода.На 17 октомври да ја обезбедите победата на Нухиу со вашиот глас.  Верувајте во нас, ние не сме го излажале електоратот цели 18 години,

Незири не е сам, ќе има поддршка од цело ДУИ, гранките, советите, како што ја имаше и за кандидирање, вољата доаѓа од долу, од гранките, од соработниците, и со акламација дојде како кандидат. Сите жители на Теарце, да ги убедите и тие што не се со нас, да им кажете на луѓето за тоа што сме направиле и што ќе правиме, изјави Али Ахмети претседател на ДУИ

На митингот се обрати  и Артан Губи. кој најави голема победа на ДУИ на локалните избори.