Арифи – Во следниот мандат градот Тетово ќе биде гасифициран

0
24

Во текот на следните четири години во општина Тетово ќе започне гасификација. Во следните четири години, 50% од планираната дистрибутивна мрежа ќе се изгради во општина Тетово, во согласност со постојната физибилити студија, студија спроведена во 2014 година и финансирана од Министерството за транспорт и врски, истакна Теута Арифи кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од ДУИ

-Гасификацијата ќе им овозможи на домаќинствата, индустриите и деловните субјекти да имаат алтернативна енергија, чиста, еколошка и многу подобра.
Цената на новите врски ќе биде помала од 100 евра и општината делумно ќе ги субвенционира овие трошоци за сите семејства и целосно за семејствата со социјална помош.Потоа, постапката за јавно-приватно партнерство во Министерството за економија  ќе биде завршена до крајот на 2021 година. Приватниот партнер ќе има обврска да дизајнира, изгради и одржува дистрибутивна мрежа, рече Арифи