Алијанса за Албанците – Одговорните лица за трагедијата во Болницата во Тетово, прават кампања и бараат уште еден мандат

0
22

Од Алијансата за Албанците одржа а прес конференција на тема одговорност околу пожарот во модуларната болница во Тетово.

Подолу е целото соопштение на партијата

Поминаа три недели од големата несреќа во Тетово. Три недели откако 14 луѓе изгореа живи под покривот каде што беа отидени за да оздрават. И ден-денес после три недели откако изгоре модуларната болница нема ниту еден знак на помрднување на совеста на тие коишто се директно одговорни за оваа трагедија.Изборната кампања ги има опфатено сите, докажувајќи повторно дека граѓанинот за властодржците претставува само алатка са собирање гласови и продолжување на векот на нивното неуспешно управување. Уште еднаш докажаа дека нивната рака кон граѓанинот се додава само кога треба да им се украде од џебовите, да им се украдат сништата, иднината…

Ова е неопростиво и треба да се казни!

Тројцата протагонисти од тешката несреќа коишто денес требаше да одговараат пред правните органи, Министерот за правда, Венко Филипче,Заменикот министер, Илир Хасани, заедно со Директорот на болницата Флорим Бесими, не само што не дадоа оставка, како морален чин, туку тие продолжуваат со нивните активности во оваа изборна кампања, одејќи низ населбите до граѓаните и ветувајќи им подобар живот, барајќи го нивниот глас за да уште еден мандат ги помножат со нула, или, Господ да не чува и брани, на еден или друг начин да ги изгорат живи повторно.

Ние како политичка партија, заедно со вас, нема да дозволиме измамата да се рециклира на овој начин, да се пакетира и да ни се нуди повторно како да се нема случено ништо. Ние нема да ги заборавиме 14-те изгорени тела, ниту пак болката на 14-те семејства што ги загубија нивните најмили, ниту неодговорноста на функционерите на тој ден, коишто и денес после три недели без трошка срам продолжуваат да се сликаат, продолжуваат со кампањата активно на нивен срам и наша болка.

 

Алијанса за Албанците