САРКОСКИ – ЧУДНО Е ШТО МОИТЕЛ ПРОТИВКАНДИДАТИ НОСИТЕЛИ НА СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ ОДБИВААТ ДА УЧЕСТВУВААТ НА ТЕЛЕВИЗИСКИ ДЕБАТИ

0
19

Сакам да изразам зачуденост што моите противкандидати-носителите на конкурентските советнички листи одбиваат да учествуваат во телевизиска дебата, односно истите прифаќаат само телевизиски интервјуа со претходно подготвени прашања, реагираа преку писмено соопштение носителот на советничката листа на ВМРО НП за Општина Тетово Стевица Саркоски.

-Сметам дека духот на демократијата е токму преку дебата да се искристализираат одредени ставови, односно преку директен дуел граѓаните да оценат чија понуда е подобра, но и реално остварлива.Уште еднаш сакам да ги повикам носителите на советничките листи да престанат да се кријат позади партиски соопштенија и скапо платени спотови и реклами, да се одважат и да ги соочиме нашата понуда и аргументи пред очите на јавноста,Јас како носител на советничката листа на ВМРО Народна партија сум подготвен на соочување пред било кој медиум, во формат кој ќе го определат моите противкандидати, истакна Стевица Саркоски носител на советничка лсита од ВМРО НП за Општина Тетово, исткана Саркоски