СДСМ објави наводна лична карта и за сопругот на Арсовска, опозицијата обвинува за црна кампања и лажни вести

0
26

Од владејачката партија прашуваат зошто Арсовска го крие своето потекло и за што се друго ги лаже скопјани.

Не само Арсовска, целото нејзино семејство има бугарско државјанство. Ова е Удостоверението на Ангел Арсовски, сопруг на Арсовска, издадено 2010 година. Идентично исто како и Арсовска, и Арсовски има бугарска лична карта. Со име и презиме, со номер, со гражданство, вели Славјанка Петровска од СДСМ.

Арсовска пак вели дека наместо извинување за лажните обвинувања, добива нови напади и закани, но битката продолжува да ја води преку проекти, а не преку црна кампања.

За нејзиниот противкандидатот пак не е важно дали Данела поседува бугарско држајанство или не, туку дека ги лаже скопјани.

Според ВМРО-ДПМНЕ пак токму вакавата црна кампања е уште еден доказ дека СДСМ е во паника од сигурен пораз. Потенцираат дека СДСМ граѓаните добиваат само деструктивност, поделби и сиромаштија.

Три дена по ред владејачката партија објавува бугарски документи и лични карти со име Даниела Арсовска за кои тврди дека се на независната кандидатка за Град Скопје поддржана од опозицијата. Арсовска пак од самиот почеток ги негира ваквите тврдења.